Хисар Компани
Качанички пат б.б. Визбегово, Скопје
Тел: 3204-901
Фах: 2650-109
E-mail: servis@hisar.com.mk
sl4 sl5 sl9 sl10 sl6 sl7 sl11 sl12 sl13 sl14 sl15 sl16 sl17 sl18 sl19 sl20 sl8 sl21 sl22 sl23 sl24 sl25 Sl2 Sl3 Slika 1
Хисар Компани ДОО Скопје е Друштво за производство на мидибуси и автобуси, ремонт и сервисирање на автобуси и камиони. Формирано е 13.06.2005 год. со локација на површина од 13.000 м2, во непосредна близина на градот Скопје, во индустриска зона Визбегово.
Друштвото Хисар Компани располага со соодветен искусен кадар за сервисирање и производство на автобуси кој потекнува од поранешната фабрика за производство на автобуси ФАС 11 ОКТОМВРИ АД Скопје и искусни високо квалификувани бравари од Р. Турција.
Вкупниот број на вработени изнесува 60 заедно со вработените од станицата за технички преглед кои се искусен кадар со предходно големо искуство.
Тековно одржување, сервисирање на автобуси и камиони со промена на неисправни или оштетени делови од возниот строј, ласерско центрирање на предница, генерални ремонти и поправки на мотори, менувачи, диференцијали и ретардери се обавува во:
  • Хала со површина од 1000 м2 опремена со 3 канали поврзани помеѓу себе и опремени со канални дигалки, пумпи за подмачкување и полнење со течности, платформа опремена со компјутер за ласерско центрирање на предница
  • Просторија за ремонт на мотори од 50 м2 опремена со работни машини и соодветен алат за ремонтирање на мотори од типовите MAN и MERCEDES
  • Просторија за ремонт на менувачи и ретардери од 50 м2 опремена со работни маси и содветен алат за ремонтирање
  • Просторија за ремонт на БОШ пумпи од 50 м2 опремена со работни маси и содветен алат за ремонтирање и поправка
  • Машинска работилница за обработка на дреарски работи од 60 м2 опремена со два струга, стабилна дупчалка, работна маса и содветен алат за машинска обработка.
  • Магацин за делови и репроматеријали од 500 м2
Во состав на халата за тековно одржување, сервисирање на автобуси и камиони се просториите:
  • Канцелариски простор за раководството, финансии и сметководство, благајна, конструктивно биро и техничка поддршка со површина од 320 м2 опремен со соодветни помагала (работни маси, мрежно поврзани компјутери, штампачи, телефони со тел. централа и инсталиран оптички кабел)
  • Менза за топол оброк на вработените со површина од 60 м2
  • Два гардеробери со туш кабини на површина од 100 м2
  • Четири санитарни чвора со вкупна површина од 100 м2 со соодветна опрема

Во издвоен објект на влезот од десната страна е сместена станицата за Технички преглед и регистрација на моторни возила на површина од 250 м2 опремена со најсовремени уреди за проверка на исправноста на возилата и продавница за продажба на резервни делови на површина од 1000 м2.